Утрински Весник
Македонија

Препораката за ослободување на ранливите групи продолжена до 27 јули

Владата на денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

dobivaj vesti na viber

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.

Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години.

Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат