Украинскиот премиер Всеволод Ченцов и порача на Европската Унија дека нејзините земји членки мора да бидат подготвени на економски жртви поради забраната за увоз на руска нафта.
„Досега ЕУ беше прилично обединета по прашањето за санкциите. Се надеваме дека оваа криза на нафтено ембарго ќе биде надмината. Оние кои носат одлуки во Унгарија и други земји разбираат што се случува во Украина. Можам да го видам нивото на криминал во Киев и другите градови. За да се запре Русија, земјите-членки треба да бидат подготвени и за одредени жртви, вклучително и економски“, рече Ченцов во интервју за „Еуроњуз“.
Изјавил дека е важно Русија да остане без пари кога е во прашање енергијата.
„Слушнавме дека ембаргото за нафта, доколку се воведе, ќе стапи на сила за неколку месеци. Можеби поблиску до крајот на годината. Тоа значи дека Русија во овој период ќе продолжи да добива многу пари од Европската Унија. Секој пакет санкции е ефикасен и го зголемува притисокот врз Русија, но тоа не е доволно“, рече тој.
Ченцов вели дека е важно Украина да стане кандидат за членство во ЕУ и дека неговата земја е решена да го стори тоа.
„На Украина и треба статус на земја кандидат за членство во ЕУ, бидејќи тоа за нас е егзистенцијално прашање. Русија го доведе во прашање правото на украинскиот народ да постои, што важи и за украинската држава. Доделувањето на статус на кандидат за членство во ЕУ добро би се одразило на моралот и психата на нашиот народ и армија. Тоа е еден вид признавање на Украина како европска земја. Би станале дел од семејството на другите европски земји. Тоа би бил симболичен гест и важна политичка одлука“, коментира тој и рече дека се прашува која европска земја покрај Украина би издржала таков притисок од Русија.
Тој објасни дека не мисли на воената способност на другите европски земји, туку на издржливоста во одредени сектори како што се банкарството, транспортот и финансиите, пишува „Euronews“.