Утрински Весник
Свет

Премиерот на Репубика Српска е позитивен на коронавирус

Премиерот на Репубика Српска е позитивен на коронавирус

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ е позитивен на тестот за коронавирус, објави неговиот Кабинет.

„Вишковиќ беше тестиран во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска. Понатамошната работа на кабинетот на премиерот и членовите на Владата ќе биде организирана според препораките на Институтот за јавно здравје на Република Српска и епидемиолошките служби“, соопшти Владата.

Исто така, сите претходно планирани активности и состаноци на премиерот Вишковиќ ќе бидат откажани. Неговиот федерален колега Фадил Новалиќ оваа недела беше тестиран за коровавирус и резултатот беше позитивен, а тој денес беше хоспитализиран заради влошување на неговата состојба, односно појава на пневмонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Две жртви во израелски напад врз Појасот Газа

Јамајка ќе поднесе барање до кралот Чарлс за репарации поради ропството

Кушнер: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина и да се фокусира на инвестиции