Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Премиерот Заев ги охрабри македонските бизнисмени да учествуваат на тендери на НАТО

Премиерот Заев ги охрабри македонските бизнисмени да учествуваат на тендери на НАТО
Img 7972

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-Атлантскиот Совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот се дискутирало за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите, како и за проекти кои се очекува да ги зголемат вработувањата во земјава и да се активираат селата и руралните средини.

Премиерот Заев искажал поддршка за идеите кои доаѓаат од деловната заедница, која треба да го придвижи економскиот раст во земјата и ги охрабрил стопанствениците да продолжат со плановите за инвестициски циклуси и вложување во човечкиот капитал со цел заедничко прилагодување на новите и современи економски текови и за успешно надминување на предизвиците од глобалната пандемија.

Дополнително се разговарало и за „NATO procurement process” и можностите македонските компании да пристапат на овој процес за да бидат дел од голем комплекс на набавки.

Заев и Хоџа истакнале дека приватниот сектор има важна улога во создавањето работни места и приходи за граѓаните, дополнително и преку постојаните иновации што носат нови производи и услуги на пазарот, а со тоа и додадена вредност.

Дополнително било подвлечено дека со влезот во НАТО и со примената на стандардите на ЕУ, кои треба да станат домашни стандарди, се обезбедува сигурност на инвестициите преку механизми за владеење на правото, за намалување на сивата економија, на парафискалните давачки и со борбата против корупцијата.

Можете да прочитате

Дождот добредојден за есенската сеидба

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи