Утрински Весник
Свет

Премиерката на Естонија: Треба да престанеме да им даваме визи на Русите

Каја Калас, премиерката на Естонија, ги повика европските земји да престанат да издаваат туристички визи за Русите поради инвазијата на Украина, пишуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право. Авиосообраќајот од Русија е затворен. Тоа значи дека додека членовите на Шенген зоната издаваат визи за руските граѓани, соседите на Русија го носат товарот. Време е да се запре туризмот од Русија“, напишала Калас на Твитер.

Можете да прочитате

ЕУ се надева на пораз на Орбан

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана