На 29 декември (вторник) со почеток во 12 часот Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски-Димсата.
„’Диши’ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. ‘Диши’ како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање“, вели режисерот на претставата.
Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.
Драмскиот театар апелира заинтересираните за следење на оваа претстава претходно да ги контактираат во однос на протоколите за Ковид-19.