Утрински Весник
Култура

Премиера на Документарниот филм „Небо –Точак –Земја

Премиера на Документарниот филм „Небо –Точак –Земја

Премиерата на документарниот филм за историјата на Ромите „Небо -Точак-Земја“ ќе биде на 31 август (понеделник) со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија.

Филмот е во Продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7, а финансиски подржан од Филмски фонд на Р.С.Македонија.

Едно битно прашање?
– Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите?
– Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик?
– Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен?
– Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ?
– Запознајте се со најпознатите Роми Научници – Нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти… (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин. Рита Хејворт. Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други)

Филмот е во режија на Коста Марковски, а сценарио на Зоран Димов / Рамуш Муарем –Цирко.

Производство: 2020 година и времетраење: 59 минути

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“