Утрински Весник
Македонија

Преку снимки од надзорните камери околу мостот „Гоце Делчев“ ќе се расветлуваат причините за несреќата

Преку снимки од надзорните камери околу мостот „Гоце Делчев“ ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основното јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје во која загина пешак.

„Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот“, соопштија од обвинителството.

По наредба обвинителот ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.

Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.

Издадена е и наредба за технички преглед на автомобилот.​

Можете да прочитате

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

Учество на министерот Муцунски на Министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан” во Братислава

Уапсен возачот кој вчера со товарно возило удри пешак на патот Прилеп-Градско