Утрински Весник
Македонија

Прекин на сообраќајот од Подмоље до село Мислешево

АМСМ: Внимателно возење на патот Подмоље – Струга – Ќафасан, градежни активности на повеќе делници

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Поради изведување градежни работи на магистралниот пат А2 од Подмоље до село Мислешево, денеска од 11:00 до 15:00 часот, сообраќајот на тој потег ќе се одвива по стариот пат. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ