Утрински Весник
Македонија

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица

Во сообраќајки во Скопје тешко повредени тројца пешаци и велосипедист

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Поради сообраќајка, денеска од 15.43 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица, кај месноста викана Бања, пред село Истибања.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски: Политиката да ги тргне рацете од „Пулс“ – сите обвинети мора да одговараат во една постапка

Муцунски се сретна со Кос

Македонската амбасада го одби, словенечкиот парламент го прими на пракса Mакедонецот Трајковски