Утрински Весник
Македонија

Прекин во водоснабдувањето во високите зони на Радовиш

Прекин во водоснабдувањето во високите зони на Радовиш

Радовиш, 9 март 2020 (МИА) – Поради обилните врнежи од дожд има прекин во водоснабдувањето во високите зони во градот, информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.

– Причина за прекинот се обилните врнежи на локацијата на Филтер станицата „Трска“ каде има заматена вода и станицата не е во употреба, посочуваат од радовишкото комунално претпријатие.

Информираат дека по престанувањето на врнежите водоснабдувањето повторно ќе се нормализира. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври