Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, за Би-Би-Си изјави дека договореното примирје за евакуација на цивилите од градот траело „не повеќе од 30 минути“. Прекинот на огнот, потсетуваме, требаше да трае пет часа.
Орлов рече дека неговиот град бил под континуирано гранатиран набргу по почетокот на прекинот на огнот, а биле нападнати училишта, градинки и автобуси наменети за евакуација на цивили.
Во градот нема вода, греење или канализација
Орлов ги обвини руските сили за геноцид и рече дека се плаши да размислува што ќе се случи со жителите сега, бидејќи градот нема вода, греење и канализација. Тој повика на дополнителна воена помош, вклучително и зона на забранети летови.
Русија не го коментираше гранатирањето, но нејзиното Министерство за одбрана рече дека цивилите не користеле рути за да избегаат од Мариупол и ги обвини украинските власти дека ги спречуваат луѓето да си заминат.