Утрински Весник
Македонија

Прекини на водоснабдувањето утре на неколку локации во Скопје

Утре без вода корисниците од „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и бул.„Борис Трајковски“

Скопје,  14 април 2020 (МИА) – Корисниците од ул. „Македонско-косовска бригада“ крак 11, дел од „Босна и Херцеговина“, трговскиот центар „Retail Point“ и касарната „Илинден“. утре од 9 часот ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок, информира Регионалниот центар за управување со криза по известување од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето од 9 часот утре ќе биде прекинато и за корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Беджих Сметана“ и дел од „Орце Николов“ поради дефект на приклучна цевка на ул.„Миладин Поповиќ“.

Од ЈП Водовод и канализација е соопштено и дека поради изведување  водоводен приклучок за висока и ниска зона на ул. „Петар Ацев“ 7, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од таа улица.

Прекините на водоснабдувањето ќе траат до завршување на  интервенциите. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсена жена од Прилеп барана со потерница за казна затвор од три години

Осум години од катастрофалните поплави во Стајковци и Синѓелиќ

Лишено од слобода лице барано со потерница за казна затвор од три години