Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Прекинат синџир на шверц со цигари во Црна Гора – заплената вредна над еден милион евра

Прекинат синџир на шверц со цигари во Црна Гора – заплената вредна над еден милион евра
300x250 opst2

Подгоричката полиција уапсила двајца црногорски државјани, за кои постои сомневање дека се дел од организирана криминална група која криумчарела цигари.

Полицијата запленила камион во кој биле 1.243 пакети со цигари. Проценетата вредност на запленетите цигари, кои се наменети за сивиот пазар во Црна Гора, како и понатамошно криумчарење во западноевропските земјим изнесува над еден милион евра.

„ Припадниците на Секторот за борба против организиран криминал и корупција во соработка со службениците од Царинската управа, а постапувајќи по налог на Специјалното државно обвинителство, на 8 август оваа година, реализираа акција со кодно име „Арка“. Со оваа акција е прекинат синџирот со криумчарење цигари“ се наведува во заедничкото соопштение од управата на полицијата и царината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката