Утрински Весник
Македонија

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба
Dik 300x250 mk

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект.

„ По претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.

Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник