Утрински Весник
Македонија

Презентација на извештај за работата на АВМУ и АЕК и дебата за 5Г

НВО бараат Собранието пред да се распушти да ги откочи медиумските реформи

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Петти периодичен мониторинг-извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе биде презентиран денеска во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“.

На презентацијата на извештајот е најавена дебата и за тоа што претставува 5Г-технологијата, со предности и негативности од нејзино користење.

Активностите ги спроведуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. лв/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата молчи!

Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски