Утрински Весник
Македонија

Предложени казни за двајца кумановци од по 1.000 евра, се движеле низ градот за време на полициски час

Влада: Од утре во општина Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Двајца кумановци се предложени од Основното јавно обвинителство Куманово за казна од по 1.000 евра за движење низ градот за време на полициски час, со што сториле кривично дело, односно не постапувале според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти ЈО, обвинетите  на 25 март 2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија. бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ