Утрински Весник
Македонија

Предлог-казни од по 800 евра за две лица од Велес кои го прекршиле полицискиот час

Предлог-казни од по 800 евра за две лица од Велес кои го прекршиле полицискиот час

Велес, 18 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес до судот денеска поднесе предлози за издавање на казни од по 800 евра за две лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а со цел спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Со тоа, обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете