Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Предесет комапании заинтересирани за изградба на скопската пречистелна станица вредна 136 милиони евра

Предесет комапании заинтересирани за изградба на скопската пречистелна станица вредна 136 милиони евра
Img 7972

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, информира Водовод и Канализација.

Истовремено, продолжен е рокот за поднесување на апликации до 1 спетмеври.

„Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17 август истекува на 1 септември во 12 часот по локално време“, информираат од Водовод и Канализација.

Проектот е во вредност од 136.000.000 евра.

„Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.09.2020, најдоцна до 14.09.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска“, додаваат Водовод и Канализација преку соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бугарски медиум: ВМРО-ДПМНЕ се издржува со пари од Бугарија и сомнителни бизниси во Струмица

Полски државјанин уапсен во Скопје – Полицијата со детали

Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка