Утрински Весник
Македонија

Преговори МОН – СОНК: Прифатени се сите препораки на посредникот во процесот на преговори меѓу двете страни

Img 5587

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура.

Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава.

Img 5587

МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно – образовниот процес во училиштата.

Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години