Утрински Весник
Македонија

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Во сообраќајка кај Карпалак еден потешко повреден, двајца со лесни повреди

Струмица, 28 април 2020 (МИА)  – Вечерва околу 18:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.

Настанот го потврдија од струмичката полиција од каде информираа дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител. рт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците