Утрински Весник
Македонија

Прегазена 48-годишна жена во Гостивар

Прегазена 48-годишна жена во Гостивар

48-годишна жена од Гостивар била тешко повредена по удар од автомобил, соопшти полицијата.

Вчера, во 17.15 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата Илинденска во Гостивар, патничко возило „рено“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А. Н. (55) од с. Равен, Гостиварско, удрило во пешакот Б. Б. (48) од Гостивар.

Во несреќата тешки телесни повреди добила Б. Б., констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар