Утрински Весник
Свет

Прв случај на трифалија во светот: во Ирак родено момче со три пениси

Прв случај на трифалија во светот: во Ирак родено момче со три пениси

Момче во Ирак, родено со три пениси е првото дете кај кое е потврдена оваа чудна деформација, велат лекарите.

Лекарите од северот на земјата, во близина на Мосул, сметаат дека се првите кои објавиле детаљна студија за човечка трифалија – кога некој ќе се роди со три пениси. Бидејќи само еден е функционален, другите два – кои израснале од коренот на „вистинскиот“ пенис – се хируршки отстранети.

Момчето имало три месеци кога било откриено дека има три пениси, а засега не е познато како тоа не било забележано при раѓањето, пренесува „Сан“.

Лекарите велат дека едно од пет до шест милиони момчиња се раѓа со повеќе од еден пенис и дека во светот се регистрирани околу 100 случаи на дифалија – два пениса. Момчето со курдско потекло е прв случај на трифалија, според Меѓународниот весник за хирургија.

Имаше и друг случај од 2015 година, но тој никогаш не беше потврден затоа што не беше објавена студија за тоа во ниту едно медицинско списание.

Момчето добро закрепнува од операцијата, а лекарите сè уште не можат да ја објаснат причината за овој деформитет.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците