Утрински Весник
Македонија

Прв случај на заболен со коронавирус во Тетово

Прв случај на заболен со коронавирус во Тетово

Тетово, 26 март 2020 (МИА) – Маж од Тетово на 69 годишна возраст е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирус, изјави денес д-р Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје при посетата на Тетовскиот центар за јавно здравје.  Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.

-Сношти е утврдено дека маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово. Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, рече Мемети.

Во Тетово досега се направени над 30 тестови.

-Тестовите се прават во на Институт за јавно здравје Скопје во лабораторија за вирусологија и дијагностика. Во моментов тука имаме пет пункта за рурални места, се земаат епидемиолошки анкети, вклучени се и матични лекари, рече Мемети.

Тој заедно со претседателот на комисија за заразни болести д-р Жарко Караџовски се сретнаа со директорите на Центарот за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.

-Задоволни сме од пристапот на тетовските установи. Апелираме граѓаните да ги почитуваат  правилата и препораките на Светската здравствена организација и да се прават тестови на сомнителни случаи по индикација, рече Мемети. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!