Утрински Весник
Македонија

Прв регистриран случај со Ковид-19 во Ранковце

Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Крива Паланка, 6 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие е регистриран и првиот случај на лице заболено од Ковид-19 во општина Ранковце.

Станува збор за машко лице на возраст од 58 години од општина Ранковце, со место на живеење во селото Петралица, потврдуваат од Хигиено-епидимиолошката служба, Подрачна единица на Центарот за јавно здравје, Крива Паланка.

Од општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден вирусот Ковид-19, а двата случаи се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.

Кај едното лице, прв случај на Ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле“, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестиранпо и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен.

Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација, во Крива Паланка. ид/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче