Утрински Весник
Спорт

Првпат по цели 17 години Реал и Барса губат во ист ден

Првпат по цели 17 години Реал и Барса губат во ист ден

Фудбалерите на Барселона вчера во мечот од 6 коло на Ла Лига загубија со 1-0 на стадионот „Алфонсо Перез“ кај Хетафе, а Реал Мадрид на својот стадион беше изненаден од новиот прволигаш Кадиз со истиот резултат.

Двата најдобри шпански клуба ретко губат мечеви, а двата тима да загубат меч во домашното првенство се нема случено уште од 2003 година.

Последен пат пред „Ел Класико“ Реал загуби од Сосиедад со 4-2, а Барселона со истиот резултат беше поразена на свој терен од Депортиво Ла Коруња.

На тогашното „Ел Класико“, пред 17 години по двата порази, Барса и Реал ремизираа со 1-1.
За „Кралевите“ прецизен беше Роналдо Назарио, а за Барса Луис Енрике.

> Првпат по цели 17 години Реал и Барса губат во ист ден <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата