Германија пријави 1.045 нови случаи на ковид-19 и тоа е првпат по три месеци бројот на новозаразени да биде поголем од 1.000.
Последниот пат кога Германија пријави над 1.000 нови инфекции во еден ден беше на 9 мај, пренесува Си-ен-ен.
Германската влада изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени во земјата и ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките како што се физичка дистанца и носење маски.
Вкупниот број на заразени во Германија достигна 213.067, покажуваат дернешните податоци од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
Претходниот ден во Германија беа потврдени 879 случаи на ковид-19.
Бројот на починати од коронавирус е зголемен за седум, на 9.175.