Утрински Весник
Свет

Првото лице излечено од ХИВ почина по борбата со леукемија

Првото лице излечено од ХИВ почина по борбата со леукемија
Dik 300x250 mk

Американецот Тимоти Реј Браун, кој е првиот човек излечен од ХИВ, почина во Калифорнија по петмесечна борба со леукемија, изјави неговиот партнер Тим Хофген.

Браун почина на 29 септември, а со него беа и Хофген и пријателите.

„Со голема тага објавувам дека Тимоти почина по петмесечна борба со леукемијата“, напиша Хофген на „Фејсбук“.

Тимоти Реј Браун е роден во 1966 година и е познат како „берлински пациент“ откако во 2007 година се излечи од ХИВ во Берлин, благодарение на специјалната трансплантација на коскена срцевина.

Медиумите претходно објавија дека Браун боледува од рак во последна фаза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги