Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Први два случаи на омикрон во Норвешка

Први два случаи на омикрон во Норвешка
300x250 opst2

Норвешка ги идентификуваше првите два случаи на омикрон, соопшти денеска надлежната служба на општината Ојгарден на западниот брег.

„Двајца заразени лица беа на патување во Јужна Африка и двајцата моментално се опоравуваат од вирусот“, рече градоначалникот Том Георг Индревик.

Норвешка во петокот одлучи да воведе карантин за сите патници кои доаѓаат од Јужна Африка или соседните земји, по слична одлука на соседна Данска и многу други земји ширум светот.

Омикрон предизвика загриженост бидејќи неговите мутации потенцијално би можеле да го намалат ефектот на вакцините, иако ќе бидат потребни недели за ова да биде утврдено.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа