Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Првите луѓе на Ф1 не се шегуваат со вирусот: 10.000 тестови за првите две трки

Првите луѓе на Ф1 не се шегуваат со вирусот: 10.000 тестови за првите две трки
Img 7972

Шпилберг, 23 јуни 2020 (МИА) – Организаторите на воведните трки во Формула 1 ќе спроведат 10.000 тестови за коронавирусот, објавија денес австриските медиуми.

Првите трки во сезоната ќе се одржат на 5 и 12 јули на патеката во Шпилберг.

Примероците ќе се земаат двапати на ден, а лабораторијата што ќе ги изврши тестовите ќе работи 24 часа на ден.

Резултатите ќе бидат достапни 16 до 24 часа по тестирањето.

Само 3.000 луѓе ќе можат да влезат на трибините и сите ќе треба да имаат негативен тест за коронавирусот, не постар од четири дена.

Организаторите добија дозвола за одржување на трката затоа што тие претставија предлог мерки против ширење на вирусот на владата.

Распоредот на Формула 1 сè уште не е официјално потврден, а по две трки во Австрија, истаотолку треба да се организира во Велика Британија во втората половина на јули.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер