Утрински Весник
Свет

Првите дози од вакцината против коронавирус Србија ќе ги добие пред Нова Година

Првите дози од вакцината против коронавирус Србија ќе ги добие пред Нова Година

Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Шкодриќ изјави денеска дека првите дози на вакцината за коронавирус ќе пристигнат во Србија пред Нова година.

„ Најважно е да ги увеземе првите количини што е можно поскоро и таа вакцина да биде регистрирана, a ќе ја воведеме онаа вакцина што е регистрирана и одобрена од нашата професија како безбедна за граѓаните“, изјави Скодриќ за Прва Телевизија.

Таа рече дека ќе се обиде да добие од 500.000 до милион дози пред Нова година.

Скодриќ посочи дека вакцината во Србија ќе биде бесплатна за граѓаните и дека прво ќе им биде дадена на здравствените работници, армијата и полицијата како приоритет, а потоа и на другите граѓани според нивните приоритети, утврдени со професијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран ќе биде долг и тежок процес

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени