Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Првиот човек на СЗО по стопирањето на „Астразенека“: Не паничете

СЗО: Се надеваме дека пандемијата ќе помине за две години
Img 7972

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус реагира откако десетици земји, ја сопреа вакцинацијата против коронавирус со вакцината „Астразенека“.

Тој изјави дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу згутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“, и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа.

„Не сакаме луѓето да паничат“, велат од СЗО.

Советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината „Астразенека“, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Португалија, Кипар и други земји.

„Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцината против Ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат наводите. Тоа покажува дека системот за надзор функционира и оти има ефективни контроли“, рече Тедрос.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас