Утрински Весник
Свет

Првиот случај на ковид најверојатно е вработен во лабораторија во Вухан, кој се заразил од лилјак

Првиот случај на ковид најверојатно е вработен во лабораторија во Вухан, кој се заразил од лилјак
Dik 300x250 mk

Официјален претставник на Светската здравствена организација ја шокираше јавноста откако го откри можниот нулта пациент заразен со коронавирус.

Д-р Питер Бен Ембарек од СЗО тврди дека станува збор за пациент кој бил заразен со лилјак, а се работи за вработен во лабораторија во Вухан, пренесуваат светските медиуми.

Бен Ембарек верува дека инфекцијата можела да настане додека вработениот земал примероци од лилјак, како дел од истражувањето спроведено во лабораторија во кинескиот град.

„ Врабтениот кој бил заразен на терен додека земал примероци е една од можните хипотези“, објасни Бен Ембарек.

Во тој момент, можело да се случи скокот од лилјак на човек. Во тој случај, лабораторискиот работник се заразил, а не некој случаен жител или некое лице кое е во постојан контакт со лилјаци”, додаде тој.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа