Првиот мјузикл во НУ „Театар Kомедија“ – „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска, вечерва (29-ти Ноември 2021 г.) гостува на 17. издание на Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.
Мјузиклот „Боливуд” премиерно беше изведен во Ноември 2019 г. во Театар Комедија и по непредвидената пауза заради пандемијата, „Боливуд” месецов се врати на сцената на Театар Комедија каде редовно се игра.
Во претставата играат актерите на Театар Комедија: Жаклина Стефковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.
Автор на текстот е Маја Пелевиќ, музиката е на Огнен Анастасовски, кореографијата и костимографијата е на Наташа Поплавска, сценографијата и видео анимацијата на Емил Петров, а светло дизајнот
на Милчо Александров. Преводот на текстот и препевот на сонговите го направија Наташа Илијевска и Наташа Поплавска.
(ПР-текст)
Текстот Првиот мјузикл во „Театар Kомедија“ – „Боливуд“ гостува во Црна Гора е превземен од МАКФАКС.