Утрински Весник
Свет

Првиот брод со украинско жито пристигна во Турција

Првата пратка украинско жито пристигнала вечерва пред северниот брег на Истанбул на Црното Море, пренесува агенцијата АФП.

dobivaj vesti na viber

Товарниот брод „Разони“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, исплови вчера наутро од Одеса, на југот на Украина, со 26.000 тони пченка наменети за Либан и треба да ја помине ноќта закотвен во близина на турскиот брег. Утре наутро меѓународна екипа ќе изврши увид на влезот на Босфорот, соопшти турското Министерство за одбрана.

Ова е прв извоз одобрен врз основа на договорот што Украина и Русија со посредство на Турција и ОН го потпишаа на 22 јули во Истанбул со цел да се деблокираат украинските пристаништа и да се стабилизира пазарот на храна.

Бродот долг 186 метри се приближи до брегот непосредно пред 19 часот по локално време (18 часот по средноевропско време), објавија фотографите и видео новинарите на АФП.

Инспекцијата на бродот, кој Москва го бара за да се осигура дека не превезува оружје, ќе ја изврши „делегација составена од турски, руски, украински и претставници на ОН, по што „Разони“ ќе продолжи да плови“, изјави турскиот адмирал Оезџан Алтунбулак, шеф на Заедничкиот координативен центар, кој ги надгледува операциите.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking