Утрински Весник
Магазин

Првиот бакнеж на Емили Блант бил хорор шоу

Првиот бакнеж на Емили Блант бил хорор шоу

Британската актерка првпат ги споила усните со некого на прослава на својот 13-ти роденден, а сега откри дека бакнежот со момче по име Ешли Кларк не бил совршен филмски момент на кој се надевала.

Опишувајќи го настанот како „хорор шоу“, Емили откри дека играла вртење шише со друштвото на својата родендеска забава, и шишето застанало кај Ешли, за кого рече дека бил високо и убаво момче со фризура од 90-тите. Таа и нејзините другарки го сметале за атрактивен.

Во текот на гостувањето на „Џими Кимел лајф“, таа рече: „Го завртев шишето, застана на Ешли, и помислив: О Боже, ова е тоа.“

„Сега кога слушам за концептот на француско бакнување, си помислувам: Зошто би било пријатно или убаво? И не беше. Бев згрозена од целата работа. Само се сеќавам дека скришно ја бришев устата потоа. Беше ужасно “.

Ѕвездата на „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II) ѝ е добро позната на публиката како „Мери Попинс“. Нејзината работна биографија е навистина долга, но „Ѓаволот носи Прада“ ја вивна во ѕвездите.

Можете да прочитате

Која крвна група најтешко слабее?

Необична кампања за регрутација во Германија – ќебапи со QR-кодови

Брзо одење или трчање – што е подобро за намалување на крвниот притисок