Утрински Весник
Македонија

Прва средба на Маричиќ со новоизбраната претседателка на Врховен суд Адеми

Прва средба на Маричиќ со новоизбраната претседателка на Врховен суд Адеми

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари работна средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. На првата средба по изборот на Адеми за прв човек на Врховен, се разговараше за повеќе актуелните теми и прашања.

На состанокот се зборуваше и за остварувањето на уставните и законските надлежности на Врховниот суд, како и за заложбите за финансиска и административна независност.

Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјата 23 и 24, односно на фундаментални човекови прави и слободи, како и борбата против корупцијата. Токму оваа борба е една од најзначајните работи за Министерството за правда и Владата, а таа не може да биде успешна без активно да се вклучат сите општествени чинители.

Маричиќ и Адеми дискутираа и за состојбата со Ковид-19 во судовите и справувањето со последиците од пандемијата. На средбата беше констатирана потребата и во иднина да има средби од ваков формат со цел унапредување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта