Утрински Весник
Спорт

Прва победа за Де Вилијер, Валкнер нов лидер кај мотоциклистите

Прва победа за Де Вилијер, Валкнер нов лидер кај мотоциклистите

Џинијел де Вилијер од Јужна Африка е победник на деветтата етапа на 44.издание на релито Дакар. Возачот на Тојота најбрзо ја мина делницата долга 491 километар, која се возеше околу Вади Ад Давасир.

Спцијалните брзински делови, во должина од 287 километри, Де Вилијер ги мина за два часа, три минути и 49 секунди. Тој за само девет секунди беше побрз од сонародникот Ханк Латаган. Третото место му припадна на лидерот во генералниот пласман Насер Ал-Атијах.

Де Вилијер со денешната победа, во кариерата, има вкупно 18 етапни триумфи на релито Дакар.

Етапата кај мотоциклистите донесе смена на лидерската позиција во генералниот пласман.

Деветтата етапа ја освои Чилеанецот Хосе Игнасио Корнехо, пред Аргентинецот Кевин Бенавидес и Американецот Рики Брабек.
Лидер во генералниот пласман сега е Австриецот, Матијас Валкнер, кој нема ниту една етапна победа. Валкнер има две минути и 12 секунди предност пред Британецот Сем Сандерленд.

> Прва победа за Де Вилијер, Валкнер нов лидер кај мотоциклистите <

Можете да прочитате

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви