Утрински Весник
Свет

Прва објава на Дритан Абазовиќ откако стана премиер на Црна Гора

Пратениците во црногорскиот парламент денеска избраа членови на 43-та влада на чело со премиерот Дритан Абазовиќ, лидер на Граѓанското движење УРА.

Новата влада ќе има 18 министерства, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор.

Откако беше избран за премиер, на својот официјален Фејсбук профил се огласи и Дритан Абазовиќ.

– Ги повикувам сите да се соберат околу граѓанската и европска Црна Гора! – напиша накратко Абазовиќ.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години