Утрински Весник
Спорт

Прва лига: Триумф на Вардар во пролетната увертира

Прва лига: Триумф на Вардар во пролетната увертира

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Вардар славеа над Македонија Ѓ.П. со 3:1 во првиот меч по зимската пауза во домашниот шампионат.

Жуниор во 37-та минута, Ибиши во 49-та минута и Цветаноски во 60-та минута беа стрелци за „црвено-црните“, Паду во 67-та минута го постигна единствениот погодок за ѓорчепетровци.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите Академија Пандев – Шкендија, Ренова – Силекс, Шкупи – Борец и Струга Трим Лум – Работнички. Вадар е лидер на табелата со 39 бода, 11 повеќе од Шкендија која има и меч помалку.

На третото, односно, четвртото место се Академија Пандев и Силекс кои досега собра по 27 бода. Петта е Македонија Ѓ.П. со 26, Струга Трим Лум има 24, Шкупи – 22, Борец – 20, Ренова – 19 и Работнички -15. сѓд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот