Утрински Весник
Свет

Првата дама на САД со првоаприлско изненадување за новинарите

Првата дама на САД со првоаприлско изненадување за новинарите

Новинарите кои патувале со првата дама на САД, Џил Бајден, доживеале изненадување на 1 април на летот од Калифорнија до Вашингтон, кога маскираната сопруга на американскиот претседател ги послужила со сладолед облечена како стјуардеса.

Во периодот за делење оброци во авионот, таа се појавила со кратка црна перика, црна маска на лицето и црн костум, како и беџ со името Јасмин, пренесува агенцијата АП.

Неколку минути подоцна, „Јасмин“ повторно се појавила без перика, по што новинарите сфатиле дека се работи за Џил Бајден, која се смеејќи се ги поздравила со пораката „Априлили“.

Соработниците на првата дама им рекле на новинарите дека подеднакво биле изненадени кога го откриле вистинскиот идентитет на стјуардесата Јасмин.
Како што се наведува, Џил Бајден претходно во неколку прилики има изјавено дека ужива да се шегува.

Кога нејзиниот сопруг беше потпретседател за време на администрацијата на Барак Обама, таа еднаш се сокрила во просторот за оставање рачен багаж во авионот и ја исплашила првата личност која се обидела да ги спакува своите работи таму, пренесува агенцијата.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници