Првата група од 149 граѓани од Авганистан доцна синоќа пристигна во Македонија.
Бегалците, преку Грузија, пристигнаа на скопскиот аеродром.
Првиот патник што се симна од авионот беше трудница во 39-тата недела од бременоста која со возило на Итна медицинска помош е однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека станува збор за луѓе вработени во меѓународни организации, како што се „Опен гавермент“, организација во која членува и нашата држава, „Транспаренси интернешнл“ и други организации со кои сме работеле ние или нашите сојузници во Авганистан.
„Тоа се луѓе со кои што сме работеле, луѓе кои споделуваат исти вредности со нас и луѓе на кои не по нивна им е загрозен нивниот живот и животот на нивните деца“, рече Османи.
Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.