Утрински Весник
Македонија

Пратениците од опозицијата да не го блокираат законот за недела – неработен ден, порача Министерството за труд и социјална политика

Пратениците од опозицијата да не го блокираат законот за недела – неработен ден, порача Министерството за труд и социјална политика
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.

Од Министерството потенцираат дека во текот на целиот ден, на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки, не беше овозможено да се отвори расправа за Предлог-законот, кој работниците го очекуваат и кој треба да почне да се применува од 1 октомври оваа година.

Овој Предлог закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот професионалниот живот. Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници и слободен ден.

Од овие причини, според Министерството, од исклучително значење е пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, да бидат конструктивни и да дејствуваат во интерес на граѓаните.

 

Можете да прочитате

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари

14 години од смртта на Киро Глигоров – таткото на македонската независност

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад