Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пратениците на Беса ја напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Пратениците на Беса ја напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура
Img 7972

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како пратеници на партијата „Беса“.  За ова го известиле собранискиот спикер Талат Џафери со допис преку кој го официјализираат своето дејствување самостојно.

Од Беса за „Макфакс“ велат дека пратениците ќе продолжат да даваат поддршка на законите и одлуките на власта и дека нивното дејстување во Соранието не значи дека го напуштаат коалициониот партнер.

„Немаме никаков проблем со коалицијата „Можеме“, ова одлука да бидеме надовор од колацијата не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето е од технички аспект и не подразбира никакво напуштање туку поеефективно делување во Собранието на нашата партија. Во Собранието имаме 4 пратеници, за пратеничка група треба 5 свесни сме на тоа, но ќе настапуваме сепак како пратеници на Беса. Овој момент ни е важен да бидеме поблиску до гласачкото тело, затоа што оние кои гласале за нас, гласале за нашата партија и затоа така одлучивме да делуваме од Парламентот“, брифираат од Беса.

Во Собранието во новиот состав од оваа партија влегоа Биљал Касами, Фадил Зендели, Кастиот Реџепи и Бастри Бајрами кои беа избрани на заедничката листа со коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии