Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

По 300 евра за грѓаните на Црна Гора кои беа во самоизолација, а нивните имиња беа јавно објавени

По 300 евра за грѓаните на Црна Гора кои беа во самоизолација, а нивните имиња беа јавно објавени
300x250 opst2

Владата на Црна Гора даде согласност за надомест на нематеријална штета на лица чии имиња се објавени на нејзината веб-страница врз основа на Одлуката на Националното координативно тело за заразни болести.

„Заштитникот на имотно правните интереси на Црна Гора е задолжен да склучи спогодба со 2.720 лица во износ од 300 евра на име надоместок за нематеријална штета поради повреда на лични права со објавување на лични податоци, беше соопштено по седницата на Владата.

Во март 2020 година, Националното координативно тело донесе одлука да објави список на имиња на лица во самоизолација.

Уставниот суд уште во јуни донесе одлука дека тоа не е во согласност со највисокиот правен акт, по што беа поднесени бројни тужби за нарушување на правото на приватност.

Поради тоа што некои граѓани ја нарушија самоизолацијата, Владата на 21 март објави список на сите кои се во самоизолација, вклучително и мнозинството кои ја почитуваа таа мерка. Дополнително, порачаа дека секој граѓанин треба да знае кој од неговите соседи и сограѓани го загрозува со недисциплина. Списоците го содржеле името и презимето на лицето во самоизолација, како и адресата на живеење. Иако подоцна беа повлечени од веб-страницата на Владата, овие податоци одамна стојат или сè уште стојат на многу портали во земјава и регионот, пренесуваат регионалните медиуми.

Според нив, тогашниот премиер Душко Марковиќ велел дека ги разбира причините за критиките, но и тврдел дека здравјето на граѓаните е поважно од човековите права.

Невладините организации, тогаш предупредуваа дека некој треба да поднесе оставка поради објавувањето на списоците, но тоа не се случи.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје