Утрински Весник
Свет

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Пелоси: Маските задолжителни во Конгресот

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва, непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден, давајќи ѝ на Демократската партија контрола над горниот дом на Конгресот на САД.

Покрај функциите претседател и потпретседател на државата, демократите во следните две години ќе ги контролират и Претставничкиот дом и Сенатот, што ќе му овозможи на Бајден да спроведе амбициозен план за соочување со големи предизвици, според Асошиејтед прес.

Неколку часа откако новата потпретседателка на САД, Камала Харис, положи заклетва, тројца нови сенатори од Демократската партија, Џон Ософ, Рафаел Варнок и Алекс Падила, го сторија истото пред неа.

Односот на демократите и републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на претседателката Камала Харис.

Ософ (33), најмладиот сенатор, некогаш истражувачки новинар, рече дека Америка врти нов лист.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така