Утрински Весник
Македонија

По судиите за поголеми плати се разговара и со обвинителите, најави Маричиќ

По судиите за поголеми плати се разговара и со обвинителите, најави Маричиќ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека по судиите, за поголеми плати се разговара и со обвинителите.

„Имав можност утрово на оваа тема да разговарам со претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител Тодор Витларов, тој ми укажа на одредени меѓународни стандарди, согласно кои примањата на судиите и на јавните обвинители треба да бидат на исто ниво. Владата тоа го уважи и интенцијата и во разговорите со Министерството за финансии ја утврдивме истата можност и истата потреба како кај судиите, така и кај јавните обвинители да има етапно покачување на платите од 10 проценти оваа година и пет проценти наредната година, со тоа што тоа ќе треба законски да се дефинира“, истакна министерот за правда.

Во однос на платите на судската администрација и јавно-обвинителската служба, Маричиќ кажа дека се должни законски да ги уредат прашањата со платите, примањата и можностите за додатоци.

„И таму согласно можностите ќе обезбедиме зголемување колку што ќе дозволува буџетот и колку што ќе можеме оваа и во наредната година“, додаде Маричиќ.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе