Утрински Весник
Свет

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија.

Според извештајот, официјалните лица изјавиле дека нема конкретни закани за британските дипломати, но дека околу половина од персоналот кој работи во Киев ќе се врати во Велика Британија.

Претходно, САД им наредија на членовите на семејствата на вработените во американската амбасада во Украина да ја напуштат таа земја, наведувајќи ја континуираната закана од Русија за воена акција.

И американскиот Стејт департмент го одобри доброволното заминување на функционери на американската влада, велејќи дека Американците треба да размислат итно да ја напуштат земјата. Русија негира дека има какви било планови за воена акција во Украина.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран