Утрински Весник
Македонија

По рамазанските празници во Прилеп повторно ќе стартува јавниот превоз

Извор на фотографија: Општина Прилеп

Општинските власти најавуваат дека од вторник во Прилеп повторно ќе сообраќаат автобусите за градски сообраќај, заедно со неделната вонредна линија.

– По продолжениот празничен викенд, од вторник ќе се воведе јавниот градски превоз со примена на сите заштитни протоколи. Воедно од сабота ќе биде отворен градскиот зелен пазар од 7 до 15 часот – најави денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Прилеп е еден од градовите во земјава што беше потешко погоден од корона вирусот. Денеска уште еден 56-годишен прилепчанец ја загуби битката со Ковид-19. Министерството за здравство евидентираше еден новозаболен, а двајца оздравени пациенти. На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 16 пациенти, од нив 14 се позитивни на корона вирусот.

Од почеток на пандемијата, од 25 март до денеска заболени се вкупно 204 граѓани од Прилеп. И покрај препораките да се носат заштитни маски, голем број прилепчани воопшто не ги почитуваат мерките. Прилепските улици се полни со граѓани што не внимаваат на социјална дистанца, не носат маски, а се собираат и повеќе од 10-мина, за спортски игри или по други поводи. Според реакциите на одредени граѓани, во некои прилепски маала до доцна во ноќта се собираат млади луѓе и се дружат.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ