Утрински Весник
Македонија

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор на фирма во Тетово

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор на фирма во Тетово

Тетово, 16 април 2020 (МИА) – Работниците на Тетекс Јарн во Тетово кои утринава одржаа јавен протест пред фабриката информираат дека по нивниот протест и пријава до полицијата приведен е еден претставник на компанијата со седиште во Бугарија. Тие ја повикале полицијата сомневајќи се дека лицето сака да наштети на имотот што е останат во фабричките погони.

-Ние повикавме полиција сомневајќи се дека дел од раководството од фирмата од Бугарија сака да ја земе произведената волница и машините и да ги продава. Приведен е Петар И. директорот на фирмата, сопственик на Тетекс Јарн, чие главно седиште е во Бугарија, инфомираат работниците.

Од СВР Тетово потврдија дека е приведен државјанин на Бугарија но поради нелегален престој.

-Полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода П.И.(56) од Република Бугарија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кому во јануари годинава му истекла важноста на неговата лична карта за странци. Бугарскиот државјанин задржан е во Полициската станица Тетово и во текот на денов ќе биде предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Дел од 160 работници во фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед утринава одржаа јавен протест барајќи им да се исплатат две заостанати плати. На нив и на новинарите не им беше дозволен влез во фабричкиот круг.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме